Search

Македонија загуби и од Чешка, па во осминафиналето од ЕП на мегдан ќе излезе со Италија

Македонската одбојкарска репрезентација во 5. коло од групата Ц на Европското првенство чиј ко-организатор е и Скопје, пред своите навивачи во СЦ „Борис Трајковски“ во дирекна пресметка за третата позиција загуби од Чешка со максимални 3:0 во сетови (25:19, 25:23, 25:17). Желбата на избраниците од селекторот Јошко Миленковски да постигната и трета победа во групата не се оствари и во осминафиналето ќе излезат на мегдан во Бари на актуелниот првак Италија.

Македонската одбојкарска експедиција за Бари ќе отпатува утре, а натпреварот против фаворизираниот домаќин ќе го одигра в сабота.

Капитенот Никола Ѓоргиев се врати во селекцијата по болките во грбот, беше нашиот најдобар одбојкар, но тоа не беше доволно за да се победи Чешка.

Треба да знаете
Последни објави