Search

Експресно заврши собраниската Комисија за европски прашања за измените во Кривичниот законик

Експресно, во два дена и само неколкучасовна расправа измените на Кривичниот законик со кои се предвидува намалување на казните за кривичните дела поврзани со злоупотреба на службената положба, несовесно работење и злосторничко здружување поминаа на Комисијата за европски прашња. Час и половина траеше денешната расправа за предлог-измените на Кривичниот законик во собраниската Комисија за европски прашања, по што тие одат на пленарна седница. Иако пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се спротивставија на предложените измени, не поднесоа амандмани со изговор дека тоа би било беспредметно, бидејќи власта го има потребното мнозинство за да ги изгласа измените.

Опозицијата обвинува дека власта го злоупотребува европското знаменце, но и дека водат кон амнестија на функционерите – потенцијални сторители на кривични дела. Заменик министерката за правда која во име на Владата е предлагач на законските измени тврди дека се носат во насока на стандардизација со европската регулатива.

Дел од попозициските пратеници предложеното намалување на казните го поврзаа со случувањата на Онкологија. Според нив ако некој одговара за злоупотреби на терапија ќе се соочи со далеку помали казни. Пратениците од власта ги отфрлија ваквите тврдења.

Зад измените на КЗ не стои министерот заправда Кренар Лога кој според неофицијалните информации не бил убеден дека ова е вистинското решение.

Клучните промени се во членот 353… Се намалува казната за злоупотреба на службената положба, па наместо од најмалку 3 години, ќе биде огрничена од 1 до 4 години.. во овој член целосно се брише и ставот за злоупотреби при јавни набавки, кој предвидуваше најмалку 5 година казна затвор, а најдрастичното намалување има за казните за злосторничко зружување – од 10, на максимални 3.

Треба да знаете
Последни објави