Search

Децата од населбата Капиштец добија ново игралиште

Ново модерно детско игралиште со седум нови реквизити добиваат децата од населбата Капиштец. Игралиштето се наоѓа во близина на трговскиот центар Зебра.

 Како што известуваат од Општина Центар, новите реквизити, кои се донација која општината на 26-та седница на Советот ги прифати како донација од општествено одговорната компанија Видеолотарија Казинос Австрија, се поставени на место на постојното игралиште кое беше дотраено и многу оштетено. Покрај нив поставена е нова детска ограда и гумена подлога за побезбедна детска игра.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се заблагодари за донацијата и ги повика останатите компании да донираат во проекти за правилен детски развој и социјализација на децата.

Од компанијата велат дека станува збор за модерно и инклузивно игралиште за безбедна игра на сите дечиња.

– Со донација од 2.200.000 денари Видеолотарија Казинос Австрија го реновираше ова игралиште и овозможи да добие модерен изглед на коешто дечињата ќе може да играат безбедно. Да напоменам дека е комплетно реновирано, обезбедена е нова подлога безбедна ограда и седум реквизити. Овозможено е да можат да играат сите дечиња вклучително да имаат инклузија дури и дечињата со попреченост. На овој начин овозможуваме сите да бидат безбедни, а дечињата да имаат безгрижен и забавен развој, изјави Вики Чадиковска, маркетинг директор на Видеолотарија Касинос Австрија.

Од Општина Центар нагласија дека продолжуваат со изградба на модерни и функционални детски игралишта како нови рекреативни зони за најмладите и додадоа дела во изминатиот период  ги реконструирале и фарбавме и чистевме детските игралишта во Капиштец, Дебар Маало и тие на Градски Ѕид.

Општина Центар апелира на примерно однесување и зачувување на реквизитите на детското игралиште со цел истите да не се кршат или оштетуваат затоа што, како што велат, децата на нив најмногу се радуваат. 

Треба да знаете
Последни објави