Search

Гир: Ја сакаме Македонија во ЕУ, еве ви шанса

Евроамбасадорот Дејвид Гир во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека текстот за уставните измени се само дополнување на добрите внатрешни меѓуетнички односи и не се во спротивност со фундаменталниот интерес на државата. Нагласи дека Унијата нема повторно да преговара за нова рамка.

-Ќе има две работи кои ќе бидат клучни за тоа кога земјата ќе се приклучи на ЕУ. Ќе повторам како прво, политичките партии мора да се согласат дека ЕУ реформите се врвен приоритет и дека ќе ги стават пред сите други приоритети, дека ова треба да биде национален проект. Не мора да се прави коалиција, здраво е да се има влада и опозиција, но мора да се согласат дека ова е главен фокус. Така Хрватска напредуваше во тешките години на спроведување на агендата. И втората работа е повторно поврзана со она што го нареков „национален проект“, а тоа е таа амбиција и одлучност да се оди напред со реформите преку вмрежување на сите институции: Владата, Парламентот, судството, полицијата…се што имате. Ако така се постават работите датумот е достижен, но мора да се имлементираат реформите, кои граѓаните сами ги бараат, рече Гир во интервју на ТВ Сител.

Тој додаде дека говорот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во Блед е охрабрувачки, а никако студен туш. Тој оцени дека тоа беше говор кој се рефлектираше и во изјавите на Вархеји дадени подоцна, за итноста и потребата да се оди напред.

-Точно е дека Претседателот ја спомна 2030  година, и самиот претседател Макрон секогаш ја подвлекува важноста на проширувањето од перспективата на напредокот, стабилноста и безбедноста. Она што постојано ме изненадува е тоа оние кои коментираат, успеваат позитивните шанси кои се презентираат, да ги претворат во нешто сосем спротивно, црното станува бело, а белото црно. Ова е шанса, ова е јасна порака до земјите кандидатки дека ги сакаме внатре, дека ја сакаме оваа земја, Северна Македонија во ЕУ, еве ви можност, тоа е планот, вели Гир.

Треба да знаете
Последни објави