Search

Бомбардиран пазар во Украина, загинаа најмалку 16 лица

Најмалку 16 лица ги загубија животите во рускиот напад на градот Костијантивка во Украина, јави Би-Би-Си.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот загинале невини луѓе и предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Меѓу загинатите има и едно дете, а околу 20 лица се повредени, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал. Според украинските власти, цел на нападот биле пазар, продавници и аптека. На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера, која ја објави и Зеленски, а на која наводно се гледа моментот на нападот.

Градот Костјанџинивка се наоѓа на истокот на Украина во регионот Доњецк, во близина на линијата на фронтот. Москва се уште не го објави нападот и не ја презеде одговорноста.

Треба да знаете
Последни објави