Блинкен во ненадејна посета на Киев

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја почна дводневната посета на Киев во знак на поддршка за украинската контраофанзива и се очекува да објави нов пакет-помош од САД во вредност од над една милијарда долари, изјави висок претставник на Стејт департментот на брифинг со новинарите.

Блинкен, кој е првиот висок американски функционер што го посети Киев од почетокот на контраофанзивата, треба да се сретне со претседателот, Володимир Зеленски, и со министерот за надворешни работи, Дмитриј Кулебa.

Американски официјални лица неформално истакнале дека контраофанзивата била премногу бавна и немала добра тактика, критики што ги налутиле украинските власти и го поттикнале Кулеба да им порача на критичарите да молчат, пренесува „Ројтерс“.

Украина повторно зазеде десетици села и мали населби во контраофанзива, а напредувањето се забавува поради огромните мински полиња и ровови поставени од руската армија.

Треба да знаете
Последни објави