Како што пред неколку дена најави министерот за внатрешни Оливер Спасовски, полицијата го расчисти случајот со вејачот на знамето на „Голема Албанија“ и поднесена е кривична пријава до обвинителството, дознаваме од извори во истрагата. Според нашите извори, се работи за 21-годишниот А. М.
На 11 август, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, на плоштадот во Тетово беше веено знамето на „Голема Албанија“. Веднаш беа поднесени пријави против општината и одговорното лице, а сега и кривична пријава против вејачот на знамето.