Search

Македонската фудбалска репрезентација се екипира за дуелите со Италија и Малта

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе го има официјалниот собир пред утрешниот старт на мини подготовките за претстојните септемвриски натпревари во рамки на квалификациите за ЕУРО2024.

Македонските фудбалери в сабота на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречекаат актуелниот европски првак Италија, а на 12 овој месец ќе гостуваат во Малта.

Последниот дуел на македонските фудбалери со Италија се одигра во март лани кога „црвено – жолтите‘ приредија големо изненадување и го совладаа европскиот првак во Палермо (1-0) во полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски, сепак, не го започнуваа евроквалификацискиот циклус како што посакуваа и по три натпревари се претпоследни во групата Ц со една победа и два порази. 

Треба да знаете
Последни објави