Search

Во Гостивар наскоро ќе почне да работи прифатилиште за жртвите на семејно насилство

Со едногласна одлука на советот на општина Гостивар наскоро ќе биде формирано и ќе почне со работа Прифатилиштето за жртвите на семејно насилство.

Со ова прифатилиште ќе раководи невладината организација „Етика“, која беше избрана од Општинската комисија по јавен оглас, додека општина Гостивар за оваа намена издвои 1 милион 200 илјади денари.

Поради заштита на жртвите на семејно насилство, локацијата на овој центар останува тајна, додека ова прифатилиште е на над 100 метри квадратни и таму ќе може да се сместат до 8 жртви на семејно насилство.

– Како општество треба да се обединиме и да го спречиме насилството и да им помогнеме на жртвите на семејно насилство, додека семејното насилство е неприфатливо и како такво мора да се бориме против насилството, се наведува во соопштението на општина Гостивар. Заради, специфичното делување и заштитата на жртвите, локацијата нема да биде јавно достапна

Треба да знаете
Последни објави