Search

Сити двојно ќе му ја зголеми платата на Халанд

Раководството на актуелниот англиски и европски фудбалски првак Манчестер сити планира двојно да му ја зголеми платата на својот напаѓач Ерлинг Халанд до цел норвешкиот интернационалец долгорочно да остане во клубот и да ги одбие можните понуди од Саудиска Арабија.

Халанд сега заработува 375.000 фунти неделно и заедно со Белгиецот Кевин де Брујн е најплатен фудбалер во Сити.

Англиските медиуми објавија денеска дека Сити планира да му понуди на Халанд неделна плата од 600.000 фунти доколку се согласи да го продолжи договорот и по 2027 година.

Со тоа Халанд би добил зголемување од 60.5 отсто во однос на минатата сезона во која постигна 52 голови во сите натпреварувања и беше најдобар стрелец на клубот.

Треба да знаете
Последни објави