Search

МВР е првата институција која ги откри скандалите на Клиниката за онкологија

Министерството за внатрешни работи преку својот оддел за криминалистичка полиција популарно познат како Крим полиција е првата институција која по допрен глас односно по написите во медиумите, презеде чекор и влезе со детална истрага на Клиниката за онкологија.

За потсетување, пред три дена, МВР заедно со ОЈО вршеа претреси на Клиниката, но одзедоа и компјутери и документација и од два приватни станови во Скопје.

Тоа значи дека се преземаат оперативни дејствија, дека се врши голема истрага која по се изгледа ќе резултира со конкретна кривична пријава и судски процес против осомничени лица.

Револтот на јавноста е оправдано силен, но истотака оправдана е и ефикасноста на МВР и на надлежното јавно обвинителство кои преземаат се што е потребно да се пронајдат и соодветно казнат сите одговорни за монструозниот криминал што со години се случувал на Клиниката за онкологија.

Треба да знаете
Последни објави