Search

Зеленски и Макрон телефонски разговараа за безбеден транспорт на жито

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот француски колега Емануел Макрон телефонски  разговарале за функционирањето на морскиот коридор што го постави Киев за безбедно движење на бродовите откако Москва излезе од договорот за жито, објавија украинските медиуми.

Телефонскиот разговор на Макрон и Зеленски е направен во пресрет на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, кој сака да го оживее договорот за жито.

-Разговаравме за начините да се обезбеди функционирање на коридорот за жито и да се зајакне безбедноста на регионот Одеса, објави рече Зеленски на социјалните мрежи.

Украина оваа недела соопшти дека уште четири бродови поминале низ нејзиниот привремен поморски коридор во Црното Море, кој го постави минатиот месец за да обезбеди безбедна пловидба.

Треба да знаете
Последни објави