Search

Вардар вторпат загуби од РНЛ

Поранешниот повеќекратен македонски и двократен европски ракометен првак Вардар вторпат е поразен во квалификациското коло за пласман во Европската лига на ЕХФ, од германскиот Рајн-Некар Левен (37:33). „Вардарци“, по убедливиот пораз на првиот меч во Скопје од 25:34, на гостувањето во Хајделберг кај бундеслигашот пружија достоен отпор и се елиминирани експресно од евро-сцената.

Лазаревски постигна седум голови, а Јагуриновски и Петриќ по шест. Томовски и Гогов заедно имаа седум одбрани, колку Апелгрен, кој беше надополнет од колегата Бирлем со четири интервенции во вториот дел. Захарис, Колбахер и Андерсен постигнаа по седум гола.

Треба да знаете
Последни објави