Search

Четири месеци Град Скопје го држеше мостот Беласица затворен, за на крајот да одлучи дека е делумно безбеден?

Од денеска мостот Беласица кој четири месеци беше затворен заради штетите настанати од пожар е делумно отворен за сообраќај. 

„Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булеварот „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања што ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, што ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, информираа од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Ваквата постапка отвора многу дилеми во јавноста. 

Ако навистина е безбеден и нема структурни оштетувања, тогаш зошто сообраќајот ќе се одвива само со лесни возила? 

Ако навистина може да се вози по мостот, тогаш зошто Градот цели четири месеци го имаше затворено овој мост и со тоа го нарушуваше секојдневниот живот на скопјани? 

Прашањата легитимно се поставуваат затоа што ако мостот е целосно безбеден тогаш по него би се движеле секаков вид на возила, а не само лесни, па со последната одлука излегува дека мостот можеби е само делумно безбеден за сообраќај.

Треба да знаете
Последни објави