Search

Над 8.000 слободни работни места во второто тримесечје

Во второто тримесечје од 2023 година, бројот на слободни работни места e 8.059 што е стапка од 1,62 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.33 % има секторот Б – Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во кој изнесува 0.25 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.66 % додека најголем број слободни работни места, односно 2 688, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Треба да знаете
Последни објави