Search

Страшна експлозија во зграда во центарот на Смедерево

Како што дознава Телеграф.рс, експлозијата се случила во стан на 4-ти кат од зграда на улицата Слобода на плоштадот кај Караѓорѓев Дуд.

Парчиња скршено стакло биле расфрлани низ целиот плоштад, а според неофицијални информации биле пронајдени и делови од телото.

На терен се голем број полициски и медицински екипи.

Министерството за внатрешни работи претходно вечерва соопшти дека во експлозијата се повредени две лица.

Целиот центар градот е блокиран, јавува српски Телеграф.

Треба да знаете
Последни објави