Search

Изгаснат пожарот кај Дојран во кој експлодираа гранати од Прва светска војна

Пожарот кој што денеска околу пладне избувна кај границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, дефинитивно е изгаснат, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

– Во текот на ноќта претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, како и локален тим на пожарникари ќе останат на лице место, да внимаваат да не дојде до горење. Доколку утре дојде до повторно разгорување на оганот, два ер-трактори на ДЗС се подготвени за дејство, изјави Ангелов.

Како што објасни претходно директорот на ЦУК, пожарот се наоѓа на линија на фронтот од Првата светска војна и се слушнале повеќе од 20 детонации.

Треба да знаете
Последни објави