Турист од Србија се удави на Лефкада, бил со девојката и пријателите

Триесетгодишен крагуевчанец се удавил на плажа во Лефкада додека пливал со пријателите, пишува „Телеграф.рс“.

Според локалната полиција, тој бил извлечен на брегот и веднаш пренесен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Телото е пренесено во Одделот за судска медицина во Патрас со цел да се изврши обдукција.

Тој бил на море со својата девојка и двајца пријатели.

Во меѓувреме, грчките медиуми јавуваат дека се удавил 30-годишен странец, без да ја прецизираат неговата националност.

Треба да знаете
Последни објави