Search

Студија на ЕУ ги критикува големите технолошки фирми поради руските дезинформации

Технолошки гиганти, вклучително и ТикТок и Х (поранешен Твитер), не успеаја ефикасно да се справат со руската дезинформација на интернет во текот на првата година од војната во Украина, се наведува во денеска објавената студија на Европска Унија.

ЕУ претходно предупреди за онлајн манипулации и мешање од страна на Русија насочени кон европскиот интернет по инвазијата врз Украина во февруари 2022 година.

Независната студија за ЕУ доаѓа по усвоените построгите правила според Законот за дигитални услуги (ДСА) за најголемите онлајн платформи во светот.

Извештајот се фокусираше на ризиците од проКремљ дезинформации на шесте платформи – Фејсбук, Инстаграм, Х, Јутјуб, ТикТок и Телеграм и дали активностите на компаниите се усогласени со ДСА.

Со исклучок на Телеграм, сите други платформи мора да се усогласат со построгите правила на ДСА за поагресивен пристап кон содржините, вклучително дезинформации и говор на омраза објавени на „многу големите“ платформи со најмалку 45 милиони активни корисници месечно.

– Технолошките компании пред усвојување на ДСА потпишаа кодекс за борба против дезинформации што ќе „ублажи некои од малигните активности на Кремљ. Доказите сугерираат дека онлајн платформите не успеале да ги спроведат овие мерки на системско ниво, се наведува во извештајот.

Повеќето големи платформи го потпишаа кодексот минатата година, но Х се повлече во јуни.

Извештајот исто така ја критикуваше социјалната мрежа Телеграм.

Авторите предупредија дека руските онлајн дезинформации се зголемија во 2023 година, особено откако сопственикот на „СпејсИкс“ (SpaceX) и Тесла, Илон Маск, го презедоа Твитер кон крајот на минатата година. 

Треба да знаете
Последни објави