Ристовски не се премислил, Милевски не се лути, Барди нов капитен

Македонската фудбалска репрезенатција ќе ги продолжи квалификациите за ЕП-2024 со ноф капитен, најверојатно Енис Барди, откако Стефан Ристовски неодамна на социланите мрежи објави дека се повлекува од државниот тим поради недоразбирања со селекторот Благоја Милевски, како и одредени работи кои не функционираат во репрезентацијата.

-Не сум размислувал за нов капитен, но од претходно Барди беше втор капитен, и тој веројатно ќе биде првиот капитен сега. После него следува Димитриевски, изјави Милевски и за потегот на Ристовски порача:

-Имам голема почит кон Стефан и кон секој репрезентативец. Колку го почитувам покажува и мојот пат до Загреб за да разговараме. Сакав да биде лидер и капитен, јас му ја доделив капитенската лента и тоа ја покажува мојата почит кон него. Имавме  разговор, имавме различни гледишта и размислувања за одредени теми, меѓутоа се беше во интерес на тимот и негово подобрување. Стефан нема да биде со нас и јас ја почитувам неговата одлука. Тоа што се повлече не ја намалува мојата почит кон него. Единствена замерка е што одлуката ја објави преку социјални мрежи и така дознав, но со него немаме никакви лични недоразбирања, заклучи селекторот.

Треба да знаете
Последни објави