Search

Пораки за евакуација до жителите на две села поради пожарот во грчката област Еврос

Ситуацијата со пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција и понатаму е тешка и вон контрола, со оглед на тоа што денеска имаше одново разгорувања и од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација до жителите на две села. 

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, и покрај големиот број пожарникари кои од копнено и воздух се обидуваат да се справат со огнената стихија, гаснењето го отежнува ветрот кој го променил правецот и дополнително го шири пожарот.

Во гаснење интервенираат 475 пожарникари со 100 возила, 16 пешадиски тима, 11 авиони и седум хеликоптери, меѓу кои и противпожарни сили од Кипар, Германија, Бугарија, Србија, Франција, Чешка, Романија, Словачка и Албанија.

Пожарот е активен веќе 12 дена, а заклучно со вчера напладне изгореле 81.260 хектари површина.

Треба да знаете
Последни објави