Зеленски би можел да биде соборен со државен удар во следните три до четири недели, вели воен аналитичар од САД

Поранешен аналитичар на ЦИА, Лери Џонсон, вели дека украинската војска може да се сврти против претседателот Володимир Зеленски после неуспешните контраофанзиви.

„Зеленски би можел да биде соборен со државен удар во следните три до четири недели, поради големото незадоволство меѓу војниците на источниот фронт“, рече Џонсон во интервју за „Редактед“.

Повеќе американски аналитичари шпекулираа дека војската ќе се сврти против Зеленски. Претходно овој месец, поранешниот офицер на американскиот марински корпус Скот Ритер рече дека веројатноста за воен напад се зголемува со секоја уништена украинска бригада.

„Можеме да дојдеме до точка каде што војската само ќе каже: „Доста ни е“, рече Ритер.

Џонсон вели дека Киев е веќе целосно зависен од Западот и опстанокот на Украина како држава е под голем знак прашалник.

Треба да знаете
Последни објави