Search

ФФМ почнува со продажба на влезници за гостувањето на Италија во Скопје

Продажбата на влезници за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против актуелниот европски првак Италија во Скопје во рамки на квалификациите за ЕУРО 2024 ќе почне утре, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 500 денари.

ФФМ објави дека „продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите“.

Европскиот првак Италија ќе гостува во Скопје на 9 септември, а натпреварот со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ е во рамки на квалификациската група Ц во која македонската репрезентација е на претпоследното, четврто, место со три бодови од исто толку натпревари.

Треба да знаете
Последни објави