Search

Силен земјотрес во морето кај Бали

Силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер е регистриран длабоко во морето северно од индонезиските острови Бали и Ломбок, принудувајќи ги жителите на тие острови да ги напуштат зградите, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 203 километри северно од индонезискиот град Матарам и на длабочина од 516 километри, соопшти ЕМСЦ. Индонезискиот и американскиот геолошки институт известија дека земјотресот бил со јачина од 7,1 степен и дека нема опасност од цунами.

Земјотресот се случил непосредно пред 4 часот, а потоа следеле уште два земјотреси со јачина од 6,1 и 6,5 степени, соопшти Индонезиската геолошка агенција.

Засега нема извештаи за штета, соопшти индонезиската агенција за вонредни состојби.

Треба да знаете
Последни објави