Search

Полицијата го „чешла“ Грчец, нарко босовите завршија зад решетки

Во рок од две седмици полицијата предводена од министерот Спасовски уапси три крупни риби од нарко бизнисот во озлогласеното скопско село Грчец.

Денеска медиумите пренесоа за спектакуларното апсење среде Грчец, кога пред полициските тигри падна нарко босот Иљаз Муареми, кој се обидел да бега со четирицикл, но бил совладан и уапсен.

Претходно, во текот на овие две недели, тигрите „спакуваа“ уште две крупни риби од нарко бизнисот- С.С. и О.Е.
Очигледно е дека нема шега со полицијата на Спасовски.

Се чистат криминалците, а тоа јасно го поздравуваат и граѓаните и странските амбасади.

Треба да знаете
Последни објави