Search

Пендаровски – Павел: ЕУ да го зголеми присуството на Западен Балкан за да го задржи кредибилитетот

Претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски од денеска е во официјална посета на Чешка каде што беше пречекан со највисоки државни и воени почести од својот колега Петр Павел. Двајцата имале тет-а-тет средба на која зборувале за односите помеѓу двете држави, но и за македонските аспирации за членство во ЕУ, партнерството во НАТО и за состојбите во поширокиот регион. Имало и пленарен состанок на делегациите, а Пендаровски и Павел одржаа и прес-конференција.

Пендаровски во обраќањето потенцира дека Чешка е докажан партнер на земјава, како и оти била меѓу првите кои во услови на крајно сложени политичко-безбедносни состојби, какви што беа мигрантската криза и пандемијата со ковид-19, од првите моменти ни даде конкретна поддршката и помош.

Од Прага, заедно со чешкиот претседател, Пендаровски испрати порака и дека стабилноста и безбедноста на регионот зависат од европската перспектива.

-Со претседателот Павел сме согласни дека стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан, како и неговиот демократски развој, зависат од неговата европска перспектива, што е причина повеќе Европската Унија да го зголеми своето присуство во нашиот регион за да го задржи кредибилитетот на процесот на проширување, порача Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави