Search

Маричиќ: Европската дипломатија беше клучна за надминувањето на кризите во Северна Македонија

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од Самитот во Блед истакна дека „кога имавме тешка енергетска криза криза со храна на врата ЕУ е првата што помогна“.

-И ова е најважното нешто, да бидете први. Затоа што не можеме да се чувствуваме сами кога се бориме за вредности. За европските вредности во Украина. Помошта дојде. Дојде во форма на помош од 80 милиони евра за енергенси и многу повеќе канали за помош, што беше од клучно значење за луѓето во Северна Македонија да разберат дека ЕУ се грижи за нас како нивни партнери и како идни членки, рече Маричиќ.

Тој исто така додаде дека и целата безбедносна криза на Западен Балкан била надмината преку трансатлантското партнерство меѓу дипломатијата на САД и ЕУ.

-За Северна Македонија, дипломатијата на високиот претставник Солана, и во тоа време Џорџ РОбертсон како генерален секретар на НАТО, беше клучна да се запре конфликтот во почетната фаза, да има мир во земјата и да се создаде успешен модел на управување со културните разлики. Но, општеството беше сплотено околу европската интеграција. Идното членство во ЕУ, рече Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави