Search

Три куќи и две помошни простории изгореа во пожарот кај Бељаковце и Руѓенце

Три куќи и две помошни простории изгореа во пожарот што вчера избувна меѓу селата Бељаковце и Руѓенце. 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека изгореле две стари, но функционални куќи и две помошни простории во Бељаковце, како и една стара напуштена куќа во селото Руѓенце. 

Пожарот избувна вчера попладне околу 15:30 часот и според првичните проценки опожарена е површина поголема од 100 хектари.

Треба да знаете
Последни објави