Search

Владата е подготвена да преземе мерки за да го заштити стандардот на граѓаните од идни поскапувања

Доколку е потребно Владата ќе носи мерки кои ќе имаат за цел да го заштитат стандардот на граѓаните од евентуален иден раст на цените.

Тоа денеска го потврди и министерот за економија Крешник Бектеши.

„Треба да имаме конкретни анализи каде се случува поскапувањето – дали во ланецот на трговијата или има нови цени формирани од страна на производителите. Ако е потребно, секако дека можеме да носиме привремени мерки, но мојот личен став го знаете. Кога се случуваат вакви неконтролирани зголемувања на цените, кои не се основани, во согласност со првичните информации што сум ги добил денеска, ако има здружување на одредени сектори, јас сум за да се оди и на Законот за заштита на потрошувачите, каде што се предвидени и поригорозни мерки, а ги знаете кои се поригорозните мерки. Таму има и забрана за вршење дејност“ порача Бектеши.

Инаку, Владата претходно носеше низа мерки како укинување на ДДВ, ограничување висина на маржи, но и дополнителна финансиска помош за лицата со ниски примања, за време на најкризните месеци, март, април и мај кога најмногу се чувствуваа последиците од глобалната економска криза.

Треба да знаете
Последни објави