Search

Најмалку седуммина повредени во пукање на карипска парада во Бостон

Најмалку седум лица се повредени во пукање за време на карипска парада во бостонскиот кварт Дорчестер, соопшти денеска полицијата.

Повредените биле пренесени во локалните болници. Тие имаат повреди кои не се опасни по живот, а неколку лица се уапсени и пронајдено е огнено оружје, изјави наредникот на бостонската полиција Џон Бојл.

Пукањето се случило за време на парадата Жувер, која е дел од градскиот карипски карневал. Полицијата соопшти дека дојавите за пукањето почнале да пристигнуваат околу 7:45 часот по локално време.

„Денешното масовно пукање ја нагласува кризата со оруженото насилство со која се соочуваме. Ова е вонредна состојба за јавното здравје и јавната безбедност“, рече претседателот на Градскиот совет на Бостон, Ед Флин.

Пукањето се случило на почетокот на прославата на 50-годишнината од карневалските поворки во Бостон. 

Треба да знаете
Последни објави