Search

Раиси погребан во родниот град Машхад

Претседателот на Иран Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа денеска беше погребан во родниот Машхад, свет град во североисточниот дел на земјата, каде илјадници ожалостени ги исполнија улиците по повод погребот. Раиси имаше 65 години и се сметаше за можен наследник на 85-годишниот врховен лидер Али Хамнеи, кој ја држи највисоката позиција во Иран. Мохамад Мокбер, кој е прв потпретседател, ќе биде вршител на должноста претседател до изборите на 28 јуни. На погребната церемонија присуствуваа ирански политичари и воени лица, како и верски претставници. Цвеќиња беа фрлани од толпите ожалостени кон бавно движечкиот камион со ковчегот, пред да биде погребан во „Имам Реза“ – најголемото исламско светилиште во земјата. Претходно, илјадници граѓани оддадоа последна почит додека ковчегот се движеше во кортеж низ источниот град Бирџанд. Иран прогласи петдневна жалост по смртта на Раиси. 

Треба да знаете
Последни објави