Search

ФИФА отвори досие „бакнежи“ против првиот човек на шпанскиот фудбал !

Дисциплинската комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубијалес, поради бакнежи кои ги делел по освојувањето на мундијалскиот трофеј за жени на неговата селекција на неодамнешното СП.

Причината е бизарна, а истрагата се однесува на моментот кога Рубијалес ја бакна во уста шпанската репрезентативка, Џени Ермосо, за време на церемонијата по завршувањето на Светското првенство за жени. Претседателот на федерацијата на свечениот момент новите шампионки ги гушкаше и бакнуваше. 

Ермосо потоа изјави дека не ѝ се допаднало однесувањето на претседателот, а синдикатот на фудбалерките во Шпанија побарал санкционирање на Рубијалес, поради прекршување на пристојното однесување и етичките норми.

ФИФА исто така ќе истражува дали тој го нарушил угледот на Светската фудбалска куќа и се очекува дисциплинската комисија наскоро да излезе со официјално сооопштение за случајот. 

Треба да знаете
Последни објави