Search

Посебен режим на сообраќај ноќта меѓу недела и понеделник во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги „Мелем продукција” ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје. Имено, во периодот од 23.00 на 27 август до 06.00 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде бул.„Илинден”, на потегот од крстосница со бул. „Св. Климент Охридски” до ул.„Наум Наумовски Борче”, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Треба да знаете
Последни објави