Search

Американските власти тврдат дека авионот на Пригожин бил соборен со проектил од Русија

Соединетите Држави веруваат дека ракета истрелана од Русија, најверојатно вчера го соборила авионот за кој се верува дека го превезувал водачот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин, изјавија двајца американски претставници за Ројтерс.

Поради шпекулациите за причината за падот на авионот, двајца американски функционери изјавија дека веруваат дека ракетата што потекнува од внатрешноста на Русија најверојатно го урнал авионот.

Надлежните зборуваа под услов да останат анонимни поради чувствителноста на темата и истакнаа дека информациите се се уште прелиминарни и предмет на проверка.

Руските воздухопловни власти соопштија дека Пригожин, неговата десна рака Дмитриј Уткин и уште осум други биле во приватен авион кој вчера се урна северно од Москва, без преживеани.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејството на шефот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

Треба да знаете
Последни објави