Search

Пожар во општина Кривогаштани, во гаснењето вклучен и полициски хеликоптер

Силен пожар изби попладнево, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија.

Како што соопшти Центарот за упраување со кризи (ЦУК), во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево.

-Еден полициски хеликоптер полета за гаснење на пожарот и набргу ќе почне да дејствува, информира ЦУК. 

Треба да знаете
Последни објави