Search

Општина Центар прогласена за Највело општина во Скопје и околината за 2023 година

Општина Центар, со освоени 49 поени, денеска ја доби главната награда за Највело општина во Скопје и околината за 2023 година доделена од претставниците на Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи.

Здружението, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, денеска ги додели наградите за Највело општини во Скопје и околината за оваа година.

Проектот е реализиран од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, а е финансиран од страна на Владата на Шведска.

Покрај Општина Центар, која освен статуетката доби и паркинг место за велосипеди, како главна награда, признание добија и општините Аеродром, Илинден, Гази Баба и Петровец.

Изработиле јавната онлајн анкета која ја пополниле повеќе од 1000 граѓани, на која Општина Аеродром освоила најмногу поени и ја доби наградата од јавноста.

Онлајн анкетата покажа дека граѓаните најчесто го користат велосипедот како превозно средство за движење низ општините Центар, Карпош и Аеродром.

Наградите ги примија градоначалник на Општина Петровец, Борче Митевски, градоначалник на Општина Илинден, Александар Георгиевски, градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, претставничка од Општина Аеродром и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

  – Преку наградата за „Највело општина во Скопски плански регион“ сакаме да бидеме поттик на локалните власти да се стремат кон создавање подобри услови за граѓаните кои го користат велосипедот како свое секојдевно превозно средство, истакнаа организаторите.

Како што изјавија, целта на проектот била де се согледа тоа што е сработено во последнните две години во општините и да се воспостави соработката за Скопје да стане Вело град.

Покрај инвестициите на општините во изградба на велосипедски патеки, како и кај некои во субвенции за велосипеди, на настанот посебно беше нагласено учеството на Општина Илинден во овој проект со организирање на велосипедска трка во јуни оваа година, во која учесниците имаа можност да се запознаат со руралните убавини на општината. 

 – Се надевам дека оваа трка ќе премина во традиција на Општина Илинден, истакна градоначалникот на општината Александар Георгиевски.

Посебно ја издвоија Општина Гази Баба која, како што кажаа, направи исчекор на поврзување на граѓаните од Маџари и Јурумљари  со правењето на велосипедска патека на кејот, со што граѓаните од овие населени места ќе можат побезбедно да стигнат до центар.

 – Оваа година за првпат самостојно ќе го одбележиме европскиот настан, Европската недела на мобилност со посебни моменти на поставување на патеки за велосипеди и сервисни станици, истакна градоначалникот на општината, Бобан Стефковски.

Пофалба доби и градоначалникот на Општина Центар кој на доделувањето на наградите дојде со велосипед, и истакна дека е голем љубител на велосипедизмот. 

Треба да знаете
Последни објави