Search

Напад во Србија: маж гризнал жена на лицето, луѓето само гледале

На социјалните мрежи кружат фотографии од жена со рани откога била касната на лицето. Според описот на објавата, жената била касната од сопругот, кој имал забрана за приближување до неа.

На видеото, кое, според описот во написот, е направено на 21 август во Сремска Митровица, покрај раната на средината на образот на жената, може да се забележи и повисок маж како клоца друг маж на велосипед. Нападот го спречиле двајца браќа, кои биле сведоци на агресијата.

„Којзнае што ќе се случеше со оваа жена да не налетавме јас и брат ми. Таа извика ‘здраво, брат’, а тој сфатил дека нешто се случува. Напаѓачот рекол: ‘Ќе ја убијам’ и со сета сила ѝ ја забил главата во ѕидот, а потоа ја гризнал за образот“, изјавил еден од очевидците.

По инцидентот, жената рекла дека се разведени и дека имала забрана за приближување, но дека полицијата не реагирала, пишуваат српските медиуми.

„Има ли закони во оваа земја? Што прават институциите? Ова е премногу тешко за гледање“, стои во објавата на еден твитерџија.

Треба да знаете
Последни објави