Search

Маричиќ се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да гласа за уставните измени ни сега ни по изборите

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени, дури и ако се одржат изборите. Прашан дали имале комуникации со тамошни функционери по петочната седница за уставните измени, Маричиќ немаше информации.

„Немам информации дека имало комуникации за ова прашање по завршување на седницата минатата недела. Ние секогаш ќе останеме отворени за дијалог, дури и за идеите на опозицијата за дополнителните гаранции. Подготвени се да разговараме и да видиме што е тоа што треба да го добиеме за опозицијата да се обврзе да гласа. Целта ни е да го завршиме со целосна поддршка на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ме плаши дека нема намера ни сега ни по изборите да гласа за уставните измени. Неопходно е да се кристализираат позициите на политичките опции, без разлика каде припаѓаат“, рече Маричиќ.

Според него, со носење на одлуките се гледа кој е за ЕУ.

„Јас не гледам што може да променат изборите во врска со ова прашање. Може само да го искористат ова прашање како прашање што ќе доминира во кампањата за потоа да биде изговор дека ВМРО-ДПМНЕ не може да гласа оти ветиле во кампања дека нема да гласаат. И после да влеземе во заблуда дека треба да чекаме подобар договор и да се преговара 10 години. Во тие 10 години членки може да станат Албанија, Србија, Молдавија…“, додаде Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави