Search

Превентивни активности на подрачјето на Тетово за заштита од пожари

Полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со вработени во тетовската Шумска полиција и тетовската подружница на Национални шуми, денеска реализираа повеќе превентивни активности за заштита од пожари, а чиј носител беше Отсекот за превенција. На поголем број возачи им се делеа летоци, информации и совети – како да се однесуваат и максимално да придонесат да се спречат пожарите на отворено.

– Притоа, посебно им беше сугерирано од возилата да не фрлаат неизгаснати опушоци и догорчиња, но и стаклени шишиња, а кои можат да предизвикаат пожари со несогледливи материјални и други последици. Вакви активности, инаку беа реализирани и во претходните два месеци, кога во Тетово и Гостивар, на неколку пунктови, се делеа наменски изработени летоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според портпаролот основна цел на овие активности е да се подигне свеста и културата на возачите, но и на другите граѓани, во секој момент да внимаваат со запалките и другите лесно запаливи материи, кои можат да причинат пожари на нивите, шумите и на други места.

Треба да знаете
Последни објави