Search

Орбан: Односите меѓу Србија и Унгарија се на историски највисоко ниво

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на својот Инстаграм профил објави фотографија со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Орбан вели дека односите меѓу Србија и Унгарија се на историски највисоко ниво.

„Работата ќе биде завршена. Средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Унгарско-српските односи се на историски врв“, напиша Орбан.

Претседателот на Република Сррбија, Александар Вучиќ е во дводневна посета на Унгарија, каде има голем број средби поврзани, меѓу другото, и за идни проекти.

Треба да знаете
Последни објави