Search

(Видео) Езерската полиција спаси пет лица од едрилица во Охридското Езеро

Постапувајќи по пријава во СВР Охрид, полициските службеници синоќа од водите на Охридското Езеро спасија пет лица кои се наоѓаа на едрилица во немирните води. На едрилицата се превезувале сопственикот и уште четири лица.

Сопственикот на пловниот објект-едрилица, изгубил контрола поради невреме и поради кршење на крмен лист. Полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор„Охридско Езеро” по дојавата околу 19 часот веднаш излегоа на терен и околу 19.25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7.000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија.

Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди, се вели во соопшетнието на МВР.

Треба да знаете
Последни објави