Search

Корча од струшко застана пред Меси

Преселбата на еден од најдобрите фудбалери во светот Аргентинецот Лионел Меси во американската МЛС лига го зголеми интересот за „најважната споредна работа“ и во земјата на кошарката. Настапите на Меси испреплетни со виртуозни потези, голови, проигрувања во дресот на Интер Мјами предизвикуваат урнебес по стадионите во САД.

Овие фудбалски приказни кои пристигнуваат од САД за „24 инфо“ ги потврдува и прераскажува и младиот македонски фудбалски интернационалец по потекло од Струга, Амет Корча. Тој е пол со импресии откако на 22 годишна возраст ја имаше честа во САД да заигра против Меси. Корча настапува за тимот на Далас. Ова стамено момче високо (191 сантиметар) од струшко застана пред Меси. Добро се снаоѓа во дефанзивните задачи.

Неговата обврска да биде „чувар“ на Меси ќе биде момент за паметење во неговата фудбалска кариера, кој посакува да ја збогати и со репрезентативни настапи за Македонија. Корча пред да се пресели со своето семејство во САД има настапувано за хрватските екипи Дубрава, Горица и вториот тим на Динамо Загреб.

Ако ги задоволи критериумите на македонските репрезентативни скаути можеби ќе го видиме и во „црвено-жолтиот“ дрес.

Треба да знаете
Последни објави