Search

Рама беше домаќин на италијанската премиерка: Мелони е сестра на Албанија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони неколку дневниот одмор во Албанија го заврши со прошетка низ Валона, во придружба на нејзиниот домаќин Еди Рама.

Тој пак и се заблагодари на посетата и искажаната чест и преку куса објава на Фејсбук, на која постира фотографии од прошетката и испиено кафе во кафуле во овој приморски град.

– Сестра на Албанија. Брат на Италија. Ти благодарам Џорџа, беше чест, напиша Рама на италијански јазик.

Премиерката на Италија, во понеделникот доцна попладнето пристигна во Валона со траект. 

Таа го прекина одморот во Пуља, на фарма кај Чеглие Месапика и замина за Албанија, а со тоа одговори на поканата на Рама, кој за италијанските медиуми изјави дека ја поканил да одмори во Албанија.

Беше најавено дека ќе остане два дена, но престојот со сопругот, ќерка и, нејзината сестра и зетот го продолжи. Беа сместени во владината вила во Дерми кај Валона.

Нејзината посета дојде во време кога италијанските медиуми посветија многу текстови на албанскиот туризам, а според албанските медиуми дури 500 илјади италијански туристи претпочитале ова лето  да одмараат во Албанија.

Во истовреме, ден пред неа, со хеликоптер во Химара пристигна поранешниот премиер Тони Блер, кој е советник на Рама, наводно и тој на одмор а си замина вчера попладне.

Италијанските медиуми пренесоа дека на неформалната средба Рама-Мелони покрај другото разговарале за изградба на нуклеарна централа на албанска територија, што би била италијанска инвестиција.

Треба да знаете
Последни објави