Search

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ знае само за блокада и изолација

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес – конференција изјави дека денес започна процесот за изгласување на уставните измени. 

Вели дека стана кристално јасно кој навистина сака Македонија да биде просперитетна држава, а кој сака да блокира.  Рече дека ВМРО-ДПМНЕ знае само за блокада и изолација. 

„Покажаа дека немаат никакви аргументи, немаат идеја за дискусија и дека не водеа дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина“, рече премиерот. 

Кажа дека граѓаните сакаат економски напредок, подобар живот, со вредностите кои ги има во ЕУ и САД. 

Премиерот вели дека ќе сторат што треба да ја тргнат блокадата. 

„Нема да дозволиме граѓаните и нивната иднина да биде блокирана од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачевски. 

Рече дека ќе има дискусии на сите нивоа. Порача дека нема да дозволат нашите граѓани да земаат пасоши на туѓи држави и ќе живеат во сосема други држави. Кога ќе влеземе во ЕУ, вели тие пасоши ќе ги вратат на земјите од каде се земени. 

Треба да знаете
Последни објави