Search

Василевска: Уставните измени се бугарски диктат

Малкумина периодот ја консултираа катедрата по државно правна историја, а тоа е правно историски науки на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје. И тоа е најстарата катедра на Правниот факултет и генерално на Универзитетот. И токму тие прашања и ние научно ги работиме, а јас еве судбински имам можност да учествувам и да бидам дел и да бидам сведок на еден процес кој што се случува денеска. И морам да ви кажам тоа е бугарски диктат, де факто диктат бидејќи е потпрено на неколку аспекти кои што се антимакедонски, антидржавни”, истакна Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија на ТВ21 говорејќи за уставните измени.

Пратеничката потсети и на 14-те пресуди од Стразбур кои што Бугарија воопшто не ги почитува.

„Значи 14 пресуди официјални кои што не ги донеле македонски судии, гледаме каков тип на судство има Македонија. Тие 14 пресуди се темелат на аспектите кои што се релевантни на тие тужби кои што ги покренале Македонците од Бугарија пред Судот во Стразбур и резултатот е тој. И тоа се поништува се за сметка на онаа Декларација која што ќе ве потсетам Каракачанов и Борисов ја донесоа значи ја предложија и ја усвоија, а е изградена во овој Протокол кој што Бујар Османи вонинституционално и вон согласност на Собранието ја прифати”, рече таа.

„Ова е велепредавство кое не смее да се дозволи, ова можеби не ги засега Ковачевски и Османи, ова го засега македонскиот народ. Губиме се, не добиваме ништо. Процесот за ЕУ треба да започне со Копенхашките критериуми, а не со условувања за јазик, историја и идентитет”, изјави пратеничката Василевска.

Василевска потенцираше дека барањата на Бугарија не се само Бугарите во Устав и тоа може да се види во Декларацијата која се изгласа во бугарскиот Парламент, како и Протоколот кој го потпиша Бујар Османи.

„Тоа изгледа навидум техничко прашање, но таму има прашања кои ја ревидираат историјата. Прашањето со ваков предлог и ултиматум не е европска вредност.  Може да се добијат подобри позиции но со државотворна партија која ќе се грижи за македонските интереси”, нагласи Василевска.

Таа додаде дека јасно е барањето на Бугарија да прифатиме дека сите во Македонија  пред 1944 биле Бугари.

„Не може да се преговараат вакви прашања кои директно задираат во идентитетот на македонскиот народ. Сега Бугарите сакаат и декларација за бугаризација на Илинденското востание. Погледнете ги протоколите, декларациите во Бугарија”, рече Василевска.

Василевска истакна дека сите се добредојдени во блокот за одбрана на македонските интереси за процес во ЕУ во кој нема да се задира во македонските државни и национални интереси, туку ќе се бара како и за сите други да важат исклучиво Копенхашките критериуми.

Треба да знаете
Последни објави