Search

Шолц им порача на Германците: Нема субвенции за струјата зимава

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека државата нема да дозволи субвенции за електрична енергија за индустријата. Според него, државата не може да си дозволи трајни субвенции за цената на струјата.

„Тоа би било економски погрешно, фискално некоректно и секако би создало погрешни стимулации“, вели Шолц, кој пред неколку дена рече дека е поважно од субвенциите трајно да се намали цената на струјата.

Шолц и претходно зборуваше на оваа тема, па пред неколку месеци најави дека клучот за намалување на цените на енергијата за германската индустрија е да се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори.

Министерот за економија Роберт Хабек смета дека намалената цена на струјата за индустријата треба да важи ограничен временски период за компаниите кои се особено енергетски интензивни и кои се во голема мера изложени на меѓународна конкуренција.

Германските индустријалци постојано предупредуваат дека цените на електричната енергија се превисоки во споредба со другите земји, ставајќи ја германската тешка индустрија на, како што велат, во структурната неповолност во споредба со другите производствени центри како што се САД и Кина.

Германското министерство за економија, предводено од Роберт Хабек, претходно објави план за субвенционирана цена од шест центи за киловат час до 2030 година, но Министерството за финансии на коалициската влада на Шолц се откажа од шемата за субвенционирање, наведувајќи дека таа не се вклопува во буџетот.

Треба да знаете
Последни објави