Search

Транспаренси Интернешнал подготвува нов извештај за исполнетоста на препораките за подборување на работата на Народниот правобранител

Транспаренси Интернешнал – Македонија подготвува нов извештај кој треба да биде објавен во текот на октомври, оваа година а во кој беше анализирана исполнетоста на препораките за подобрување на работата на Народниот правобранител дадени во извештајот „Националниот систем за интегритет на Македонија” од 2016 година.

Како што информираат од Транспаренси Интернешнл – Македонија, извештајот кој беше подготвен во 2016 година содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на земјава во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата и во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, кои се дел од државното уредување на земјата помеѓу кои е и Народниот правобранител.

– Во извештајот беа дадени препораки за унапредување и подобрување на работата на Народниот правобранител. ТИ-М подготвува нов извештај кој треба да биде објавен во текот на октомври 2023. За потребите на овој извештај беше анализирана и исполнетоста на препораките, стои во соопштението од Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Во однос на препораките, извештајот од 2016 година констатира дека Законот за Народниот правобранител треба да биде изменет и дополнет со цел да се осигури целосна усогласеност со Париските начела што се однесуваат на органите за човекови права, особено проширување на овластувањата на канцеларијата на Народниот правобранител за унапредување на човековите права.

– Потребни се дополнителни измени на правната регулатива и усогласување со Париските начела за човекови права за Народниот правобранител да добие статус на Национална институција за заштита на човековите права, стои во извештајот.

Поголеми човечки и финансиски ресурси за канцеларијата на Омбидсманот со цел да се остварат надлежностите се, исто така, нотирани како потребни.

– Буџетот во изминатите години е зголемен незначително и не ги отсликува реалните потреби на Кнацеларијата на Народниот правобранител. Потребни се дополнителни средства за градење на капацитетите на вработените, но и би се ангажирал дополнителен човечки кадар. Заклучно со 2022 година само 83 работни места од вкупно 183 планирани биле пополнети, стои во извештајот.

Третата препорака е Владата и Собранието да воведат законска одредба со која следењето на препораките на Народниот правобранител ќе биде задолжително, со јасни рокови, и да воведат соодветни санкции за неследење на случаите.

– Потребен дополнителен анганжман и комуникација помеѓу институциите – како би се подобрила имплементацијата на препораките дадени од страна на Народниот правобранител, заклучува извештајот. 

Треба да знаете
Последни објави