Search

Нејмар се надева дека ќе се врати во Барселона по две сезони во Ал Хилал

Нејмар се надева дека ќе се врати во Барселона по две сезони во Ал Хилал. Триесет и едногодишниот Бразилец нема да ја активира опцијата за продолжување на договорот со саудискиот клуб на уште една година, пишува „L’Equipe“.

Тој сака да се врати во каталонскиот клуб пред Светското првенство во 2026 година.

Беше објавено дека за две години во Саудиска Арабија напаѓачот ќе заработи 320 милиони евра. Оваа сума вклучува и плата и приходи од спонзорски договори и други комерцијални активности.

Во исто време, исклучена е позајмицата на Барселона, за која пишува шпанскиот печат. Нејмар сметаше на враќање во Барса ова лето и беше подготвен да ги намали барањата за плата. Но, тоа беше спречено од финансиските ограничувања што ги има клубот.

ПСЖ од продажбата на Нејмар во Саудиска Арабија ќе добие 100 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави