Search

Водостојот на Дојранското Езеро намален за два сантиметра

 Нивото на Дојранското Езеро е за два сантиметра пониско од вчера, а на Преспанското за еден сантиметар, додека нивото на Охридското Езеро не бележи промени, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Како што информира УХМР, Дојранското и Преспанското Езеро се под августовскиот просек, а Охридското Езеро е нешто над просекот за август.

Според мерењата, водостоите на реките не покажуваат поголеми отстапки во однос на вчерашниот ден.

Треба да знаете
Последни објави