Search

Ангелов: Шумите ги палат за да ги земат дрвата по поевтина цена

Шумите се палат намерно за потоа дрвата се земат по поевтина цена. Ова сценарио го спроведуваат крадци на дрва, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, на гостување во ТВ21. За елиминирање на овој евидентиран проблем Ангелов посочи дека активно работат со државата во откривање на сторителите.

-Има пожари настанати и од електрични инсталации. Земјоделците остатоците од жито го палат, и тоа брзо се шири. Затоа апелирам да не го палат, тоа е забрането. Понатаму алат со искри, за заварување, може да запалат трева и потоа тоа да се прошири затоа што е топло и сува е тревата. Возачи фрлаат отпушоци од цигара, и покрај автопатот се пали тревата која брзо се шири – ги посочи Ангелов како причини за пожарите.

Директорот на ЦУК соопшти дека статистиките се алармантни, а пожарникарите секојдневно гаснат по 20 пожари.

-Во јули имавме 210 пожари, 60 беа ниска трева, а седум во јули влегоа во квалитетна шума и предизвикаа загуба. Досега имаме 223 пожари на отворено. Но, сега имаме многу подобра реакција, имаме рана детекција и се нанесува тој почетен удар. Јас сум задоволен од храбрите пожарникари кои веднаш излегуваат на терен, вели Ангелов.

Треба да знаете
Последни објави